ФОТО: Транскрипти за странски служби најдени во компјутерот на Верушевски

Детални анализи на политичките случувања во Макеоднија напишани на англиски јазик. Ова според извори на Сител го пронашла истрагата за случајот Пуч во компјутерот на првоосомничениот Верушевски. За секое од тврдењата напишани за потребите на странски служби, поткрепа има во транскрипти од телефонски рагзовори и СМС пораки. Анализите се педантно класифицирани и се однесуваат на различни актуелни теми, јави Сител.

Во една под нив до која дојде Сител се анализира периодот  пред последните локални избори кога Црвенковски инсистираше на бојкот се до политичкиот договор од 1-ви март.

foto_1

Во еден дел од анализата која Верушевски се обидел да ја скрие во документ со преведена судска пресуда, стои дека премиерот Никола Груевски прави напори да ја трансформира СДСМ во конструктивна опозиција додека Црвенковски се подготвува за радикална конфронтација.

Во друг дел се анализира однесувањето на Зоран Заев и Радмила Шекеринска во тој временски период и се констатира дека двајцата сопартијци на тогашниот лидер Црвенковски со своето однесување ја најавиле аспирацијата за сопствена доминација во СДСМ. Подоцна, по нивното превземање на кормилото, анализата вели дека Заев сака да промовира политички дијалог со Никола Груевски додека паралелно прави статутарни измени со кои си дава овластување за избор и промена на претстедателите на општинските организации. На тој начин, според анализата на англиски јазик, се предизвикува мобилизација ка поддржувачите на Бранко Црвенковски на Бихаќка.

foto_2

Во прилог на превирањата на двете крила во СДСМ анализата упатува на транскрипт од СМС комуникација помеѓу  Наташа Савова и екс партискиот функционер Никола Ѓуркчиев. Во пораката  која се цитира во документот Савова која настојува да се зачува партијата вели:

– Бранко вели дека човекот ( ?? ) е подготвен да и даде на Рада 500.000 евра за да го уништи СДСМ.

foto_3

Извори од МВР велат дека со овие анализи се докажува дека странските служби имале длабински и комплетен увид во се она што се случува на и околу Бихаќка, во багажот кој го носат Заев и Шекеринска и нивниот карактер.

Истовремено, станува јасно кои биле нивните намери при изборот Заев да биде носителот на црната кампања против актуелната власт која и носи сериозна штета на државата. За нарачателите на овие анализи подобрувањето на состојбите во опозицијата очигледно не била една од целите на агендата имајќи предвид дека анализите не му станале достапни на Заев пред последните избори.

Компјутерот на Зоран Верушевски претходно откри скајп комуникација со петтосомничениот екс вработен во МВР а од мобилниот телефон на неговата сопруга беше откриено и дека осомничените меѓусебно комуницирале со бројки наместо со букви и зборови.