ФОТО: Три години ја носи истата облека

Матилда Кал веќе три години оди на работа во истата облека. Во црно-бела комбинација. Нејзините колеги мислат дека таа е во некоја секта.

Едно утро се изнервирала. Брзала на состанок на работа и едноставно неможела да одлучи што да облече.

kalll_1

На состанокот се појавила со цемпер облечен наопаку. Тогаш одлучила дека ќе се ослободи себе си од стресот и дека ќе избере само една единствена комбинација во која ќе ужива секој ден.

-Потполно бев избезумена и поради што? Одлучив дека тоа утро кога непотребно се испаничив ќе ми биде последно, вели Матилда.

kalll_2

Таа пронашла идеална комбинација која нема намера да ја промени.

-Маицата ми остаре, па отидов и купив уште 15 такви. Сега знам што ќе носам следните 245 дена. Заштедив многу часови и сега оваа работна униформа ме потсетува дека имам контрола, вели таа.