Теми,Свет

ФОТО: Три години пекол во Сирија

ФОТО: Три години пекол во Сирија

Во Сирија веќе три години беснее војна која ја втурна земјата во голема хуманитарна криза.

Режимот на претседателот Бараш ал Асад преминува во офанзива, опозицијата е раскарана, а во борбите се вклучија и исламисти блиски до Ал Каеда.

Крајот на судирите не се наближува, прашањето на победникот, исто така, а се’ почесто се говори за поделба како единствен можен исход.

Дипломатските напори на Русија и Соединетите Американски Држави моментално се во застој бидејќи двете сили имаат поделени ставови за начините на решавање на кризата во Украина, која го привлече вниманието на јавноста од Сирија, каде што борбите и понатаму се водат како и првиот ден.

Foto: Beta/AP

„Без интервенција од Западот, војната би можела да потрае со години, а таквата интервенција не е можна додека претседателот Барак Обама е во Белата куќа“, вели Том Преј, специјалист за Сирија на Универзитетот во Единбург.

Се добива впечаток дека ниту една од завојуваните страни нема средства со кои што може да се забележи конечна победа во конфликтот кој што однесе повеќе од 140.000 животи и раселена е скоро половина од сириската популација, со што голем дел од нив се бегалци.

Сирискиот конфликт изби во март 2011-та година, поточно на 15-ти март, кога мирните антивладини протести наидоа на брутална репресија на властите. Опозицијата зела оружје во рацете и бунтот за една година прерасна во граѓанска војна.

Foto: Beta/AP

Соочен со загуба на контролата над територијата, режимот започна контраофанзива минатата пролет, со поддршка од либанската шиитска полиција Хезболах и ирачките шиитски борци кои ги обучува Иранската револуционерка гарда.

Успешното избегнување на воената акција на Западот по нападот на хемиското оружје во август минатата година го охрабри режимот чија што стратегија сега е „заштита на деловите на Сирија кои што имаат стратешко значење“: крајбрежјето, поголемите градови во северниот и јужниот дел на земјата, како и клучните сообраќајници.

Додека бунтовниците и понатаму контролираат поголем дел од територијата за разлика од режимот, Асад ги контролира густо населените региони во земјата.

Foto: Beta/AP

Силите на режимот напредуваат на три фронта, јужно од престолнината Дамаск, во стратешки важниот регион Каламур во близина на либанската граница и околу градот Алепо во северниот дел на земјата.

Војската на Асад во Каламун, по низа победи минатата година, го опколи Јабруд, последното упориште на бунтовниците во регионот, и започна офанзива.

Јабруд е значаен пред се’ поради тоа што се наоѓа во близина на либанската граница, на автопат кој го поврзува Дамаск преку Хомс со Тартус и Латакија на Средоземното море, а воедно е и рута за шверц со луѓе и оружје од Либан.

На војниците на Асад во Алепо им недостасуваат уште 19 километри да ја завршат блокадата од оваа поранешна индустриска метропола.

Foto: Beta/AP

Во исто време, опозицијата е поделена повеќе од никогаш, се бори и против режимот и против своите поранешни сојузници.

И умерените и исламистичките бунтовници, па и оние од редовите на Ал Нусра фронтот, сириски огранок на Ал Каеда, учествуваа во крвавите борби кои што започнаа во јануари и не покажуваат знаци на ослабнување.

И покрај успесите на силите на режимот, експертите велат дека им недостасуваат луѓе за да ја вратат загубената територија.

Експертите веруваат дека опозицијата брои меѓу 100 и 150 илјади борци, меѓу кои 10 илјади и 20 илјади странци во 2.000 баталјони, додека сириската војска има околу 300 илјади војници, од кои половина се регрути, а може да смета и на поддршката од повеќе илјади прорежимски сили на припадниците на полицијата.

Сепак, режимот доживеа и големи загуби, 50 илјади негови борци загинале во изминатите три години, тврди Сириската опсерваторија за човекови права.

Foto: Beta/AP

Асад, според мислењето на познавачите, би можел да врати дел од територијата и да ја примени таканаречената политика на спалување на земјата на областите кои што не се контролираат, но никогаш нема да можат повторно да воспостават контрола на целата земја.

Во меѓувреме, сириската економија доживеа најголем пад, со слаб економски раст, зголемување на буџетскиот дефицит од три отсто од БДП во 2010-та на 30 отсто во 2013-та година и надворешен долг кој од 23 пораснал на 73 отсто од БДО, додека стапката на невработеност достигна 50 отсто.

Foto: Beta/AP