ФОТО: Три куќи целосно изгореа во пожарот во Струга

Пет куќи гореа во пожар што денеска напладне избувна во центарот на Струга позади хотел „Београд“. Пожарот е локализиран, но се уште екипи се на теренот, а местото е обезбедено.

Во гаснењето учествуваше цела екипа на Територијалната пожарна единица во Струга екипи од Охрид,  Јавното комунално претпријатие „Проаква“ од Струга и граѓани. Гаснењето на  пожарот одеше отежнато поради тесните улички, избиената архитектура.

opozareni-kuki-640x384

Според командирот на Противпожарната единица во Струга, Минир Мамуди три куќи изгорени се целосно три куќи, а две се опожарени.

Целосно изгореа три стари куќи во кои никој не живее, а две се опожарени. За среќа нема повредени, изјави Мамуди.

Граѓани очевидци изјавуваат дека се запалила некоја од старите куќи па пожарот се проширил на уште три -четири други. Посочуваат дека проблем во гаснењето е ограничениот пристап затоа што многу несовесни граѓани ги паркираат своите автомобили и противпожарните возила не можат да интервенираат.

Во локализирање на пожарот помага и локалното население и Комуналното претпријатие „Проаква“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.