ФОТО: Три лица повредени во сообраќајка на патот Кичево-Гостивар

Три лица се повредени откако автомобил „Форд Фокус“ со кичевски регистерски ознаки се преврте на патот Кичево-Гостивар, пишува „Курир“.

Од СВР Тетово за порталот информираат дека несреќата се случила околу 12:20 после мавровската крстосница.

Возачот на возилото од засега непознати причини изгубил контрола над истото, по што најверојатно прво удрил во карпа, па се превртел. Во несреќата повредени се три лица кои со возило на Итна медицинска помош се пренесени во болницата во Гостивар на укажување лекарска помош. Идентитетот на лицата и карактерот на повредите се уште не се познати.

Екипи од СВР Тетово и полициската станица во Гостивар се излезени на лице место и во тек е увидот, а повикана била и противпожарната служба.

ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам