ФОТО: Три лица повредени во тешка сообраќајка кај ФОН

Една жена и двајца мажи се повредени во сообраќајката која утрово, околу 9.40 часот се случи на булеварот „Киро Глигоров“, кај Универзитетот ФОН, потврдија од СВР Скопје, пренесува Пресс 24.

До сообраќајката дошло при судир на автомобил „сеат“ и камион, двете возила со скопски регистарски таблички.

Повредени се три лица, кои веднаш биле пренесени во Ургентниот центар. Теренот се обезбедува и се врши полициски увид.

Фото: Press24