(ФОТО) Три лица тешко повредени во директен судар на камион и автомобил

Вечерва околу 18 часот тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Македонски Брод односно кај планинскиот превој Барбарас.

Директен судир помеѓу тешко товарно возило камион и  автомобил „пасат” со прилепски регистарски таблички каде тешко повредени се три лица кои итно се префрлени во Градската болница во Прилеп.

Полиција е на местото на несреќата и врши увид. Повеќе информации во текот на утрешниот ден.

ФОТО: setaliste.com.mk