Свет

ФОТО: Три лица загинаа во ерупција на вулкан во Индонезија

ФОТО: Три лица загинаа во ерупција на вулкан во Индонезија

Најмалку три лица загинаа во ерупција на вулканот Келуд на индонезискиот остров Јава, каде што четири аеродроми се’ уште се затворени.

Три аеродроми се отворени за сообраќај, а портпаролот на Министерството за сообраќај, Бамбанд Ерван, рекол дека се проценува состојбата на преостанатите четири аеродроми, кои што беа затворени во петокот.