Фото: Три светители – празник на прилепските бакали

Денеска светата православна црква го празнува споменот на трите ерарси кои се кај нас познати како три светители. Тие три светители се всушност, трите најголеми ревнители, поборници на православието и големи црковни великани: Св. Василиј Велики, Св. Јован Златоуст и Св. Григориј Богослов. Воедно Светите Три Светители се патрони на бакалскиот еснаф во Прилеп па по тој повод во соборниот храм „Св. Благовештение“ се отслужи света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше Поглаварот на Македонската Православна Црква Господин Господин Стефан. На оваа литургијата присуствуваше и Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески кој за наредната година прифати да биде домакин на денешниот ден. Ова убаво традиционално одбележување на овој верски празник ја симболизира сплотеноста на еснафот кој организира редовно и заеднички ручек, а присуството на Градоначалникот Ристески ја потврдува неговата безрезервна поддршка на традицијата верата и православните обичаи.

IMG_0246

IMG_0247

IMG_0251

IMG_0281

IMG_0294

IMG_0336

IMG_0376

IMG_0394

IMG_0424

IMG_0425

IMG_0428

IMG_0435