ФОТО: Тричковски со нови закани и навреди

Препознатливо, во негов стил, еден од новинарските перјаници на Зоран Заев се огласи преку социјалните мрежи повторно со говор на омраза и закани.

Бранко Тричковски овој пат повикува на ослободување од патриотите, нарекувајќи ги ѓубре, пишува Курир.

-Не постојат нормални патриоти, како што не постои трезен човек со три промили алкохол, патриотите се ѓубре од кое треба да се ослободиме!, пишува Тричковски.

trickovski-tviter

Како што пишуваа медиуми, Тричковски во очи на најголемиот христијански празник Велигден, упатуваше страшни желби за Македонија.

– Ќе правеле селска војна. Па правете ја! Ќе ве истребиме до последното моронче. Ние нема да ја повториме фаталната грешка на комунистите, пишува тој за Плусинфо.