петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 72

ФОТО: Туристите се враќаат во Дојран

На само еден ден пред почетокот на долго најавувааниот Д Фест, Дојран е полн со туристи. Како што може да се забележи и од приложените фотографии туристите повторно се враќаат во Дојран.

dojran-d-fest-pred-4

Поврзани вести

На само еден ден пред почетокот на долго најавувааниот Д Фест, Дојран е полн со туристи. Како што може да се забележи и од приложените фотографии туристите повторно се враќаат во Дојран.

dojran-d-fest-pred-3

Минатиот викенд овој туристички центар на југот на нашата држава вриеше од туристи, а во текот на неделава, звучните имиња што ќе настапат на годинешниот Д Фест го наполнија градот, па така во моментов, како што велат од општината, повикувајќи се на информациите од туристичкото биро, речиси и да нема празно место.

dojran-d-fest-pred-1

Имаме информации дека луѓето се сместуваат и по околните места. Очекуваме дека ова ќе биде најмасовно посетен настан кој некогаш се случил во Македонија. Во текот на тие три дена очекуваме да нè посетат околу 30.000 лица, а таа бројка да се зголеми во текот на наредните денови, информираат од општината.

dojran-d-fest-pred-2

Инаку, општина Дојран привршува со подготовките околу претстојниот Д фестивал кој со тридневна програма ќе се одржи од 15 до 17 јули. Во тридневната програма ќе може да уживате во урбаната музика на SIGMA, Roger Sanchez, Goldie, Dubioza kolektiv, Dub Pistols, Foltin, The Toy Dolls – Official, Чиста Околина, Lollobrigida, Conquering Lion, Hladno pivo (official), Sethstat Jazz & Mirko Popov.

d-festival-640x355

Најчитани вести