Фото: Уапсен полицаецот кој повикувал на убиство на Андреј Вучиќ

Полицаецот Драгиша Петковиќ кој повикуваше на убиство на Андреј Вичиќ, помладиот брат на српскиот премиер е уапсен, неофицијално дознава српски Курир.

Драгиша Петковиќ од полициската станица Крагуевац на веста за тоа дека братот на српскиот премиер Александар Вучиќ, Андреј е претепан заедно со уште тројца луѓе од обезбедувањето, на својот Фејсбук профил искоментирал „Требало да ги убијат, а на да ги претепаат“.

policaec-fb500

Порталот пишува дека ваквото срамно однесување и ваквите коментари се доказ дека некои припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија не заслужуваат да ја носат униформата и полициската значка, а со тоа да го рушат и имиџот на чесните полициски службеници.

Таквите луѓе кои повикуваат на насилство и ликвидација не треба во никој случај да ги чуваат нашите деца, пишува порталот.