Крими хроника

ФОТО: Уапсен тетовец баран за убиства во обид

ФОТО: Уапсен тетовец баран за убиства во обид

Четириесет годишниот Ш.А. од тетовското село Теарце, вчера бил приведен од полицијата. По него биле распишани две централни потерници и една меѓународна.

Едната потерница е од Основен суд Скопје 1 поради основано сомнение дека сторил „убиство во обид” извршено на 14 август 1999 на булеварот Едвард Карделј во Скопје, кога со огнено оружје-пиштол се обидел да го лиши од живот Џ.Б. А втората потерница е издадена од Основен суд Тетово за издржување на правосилна затворска казна во траење од осум години, а за извршено кривично дело „убиство во обид” сторено на 21 јули 2009 година во село Теарце кога се обидел да го лиши од живот И.И.