ФОТО: Уапсените македонски државјани осомничени за членство во ИД

На 12-ти овој месец во синхронизирана акција на македонската во соработка со турската полиција од слобода беа лишени пет македонски државјани, осомничени за членство во Исламската Држава.

Акцијата, информираше денес министерот за внатрешни работи Митко Чавков беше спроведена од страна на турската полиција во едно од собиралиштата на џихадисти лоцирано во населбата Аксарај, при што приведените државјани на Република Македонија од кои три од Куманово и две од Скопје, на организиран начин се обиделе да се приклучат кон терористичката организација. Во собиралиштето осомничените биле сместени заедно со уште четири лица од Албанија, Сирија, Палестина и Мароко и чекале поволни услови за трансфер во Сирија. Македонските државјани се за возраст од 18, 19, 20, 21 и 24 години.

uapsen-1

uapsen-2 (1) uapsen-3 uapsen-4 uapsen-5

 

ФОТО: МВР