Македонија

ФОТО: Убавините на Охрид на насловната на „Национална Географија“

ФОТО: Убавините на Охрид на насловната на „Национална Географија“

Симболот на Охрид, поточно црквата „Свети Јован Богослов Канео“ се најде на насловната страна на списанието „Национална Географија“.

Црквата „Свети Јован Богослов Канео“ — една од најпознатите цркви во Охрид, на карпестиот рид над плажата Канео во стариот дел на градот.

Прекрасната фотографија го промовира западен Балкан и неговите убавини во туристичка дестинација која мора да се посети.

Фотографијата од Канео се најде на насловната страна на изданието насловено како „100 места кои ќе ви го променат животот“.