ФОТО: Убиени балкански нарко-босо и неговата сопруга

Еден од најголемите балкански нарко – босови, Ненад Опачиќ викендов е убиен заедно со својата сопруга Јасмина.

Предводникот на т.н. Ветернички нарко клан од Нови Сад пред убиството бил заедно со својата сопруга на прославата на годишнината од својот брак. Неодамна излегол од затвор на т.н. годишен одмор, а непријателите ја искористиле можноста и му направиле заседа.

Сопружниците се убиени кога излегувале од станот на нивните кумови во Нови Сад. Убиецот ги чекал пред автомобилот и испалил цел шаржер во нив од својот пиштол.

Ненад починал на лице место, а неговата сопруга не го издржала патот до болница.
Полицијата веднаш го блокирала градот, но не успеала да ги пронајде напаѓачите.

Ненад Опачиќ во српското подземје е познат како предводник на Ветерничкиот клан. Соработувал тесно со Земунскиот клан. Се занимавал главно со трговија на наркотици но вршел и рекет и изнуди и киднапирања.

Уапсен е во акцијата Сабја во 2003 година.

Во српските медиуми се шпекулира дека главна причина за убиството е најавата дека по излегувањето од затвор, кое се ближело, Опачиќ ќе и се врати на трговијата со дрога. Нови Сад по Белград е еден од главните пазари на дрога за српската мафија. Српските медиуми пишуваат дека најавата за неговото враќање е доволна причина тој да биде ликвидиран, бидејќи освен големата заработка од продажба која што ја нудат улиците на Нови Сад, градот важи и за клучно место за транспорт на дрогата кон европските пазари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.