Балкан

Фото: Убиство во Белград

Фото: Убиство во Белград

Во центарот на Белград синоќа со огнено оружје е убиен 37-годишен маж, а во истиот инцидент е повреден и таксист, пренесува српски Курир.

Инцидентот се случил околу 3:00 часот по полноќ пред еден локал во самиот центар на градот, а повредениот маж им подлегнал на повредите по пренесувањето во болница.

Сe` се случило откако една девојка која се превезувала со такси немала пари да ја плати сметката, па го замолила таксистот да ја почека да влезе во локалот да ги повика пријателите за да и позајмат пари да го плати превозот.

ubistvooo500

По неколку минутна расправија меѓу пријателите на девојаката и таксистот, тие физички го нападнале возачот, кој во прва прилика го зел пиштолот од возилото и пукал во градите на 37-годишниот маж.

Во овој дело од градот синоќа улиците биле затворени за сообраќај.