(ФОТО) Убиство во Ново Лисиче: Маж застрелал жена, па се самоубил

Мажот ја застрелал жената, по што се самоубил – тврдат очевидци во Ново Лисиче, каде пред половина час се слушнаа четири истрели од огнено оружје, пишува „Република“.

Според информациите на пукањето му претходело расправија меѓу мажот и жената. Убиството се случило во влез во зграда во близина на маркетот „Рамстор“. Веќе била констатирана смрт кај двајцата, се чекаат екипи од крим техника.

Неофицијално се работи за 35-годишна девојка, пишува порталот. Полицијата и Брзата помош се на терен.

 

maz

 

Фото: Република