Свет

(ФОТО) Украинска политичарка во еротско издание

(ФОТО) Украинска политичарка во еротско издание

Украинската политичарка Олга Лиулчак (30) не е премногу загрижена поради фактот дека е жртва на хакер кој ги објави нејзините голи приватни фотографии.Кандидатката за украинскиот парламент вели дека не се срами од своите фотографии на кои позира гола.Таа дури ги смета за уметничко дело.

Фотографиите на оваа гола политичарка се појавија минатата недела и предизвикаа контроверзии во нејзината татковина. Но таа смета дека жените чиишто голи тела се мета на хакерите, не треба да се демонизираат.

politicarka 1

„Светот ги слави мајсторите на уметност како Ван Гог, Тицијан и други. Тие ја креираа убавината на голото тело. А, сега голите жени се сметаат за вулгарни,“им порача на нејзините критичари,“ изјави Лиулчак.

politicarka 2

Лиулчак e во партијата на Виталиј Кличко, Демократската алијанса на Украина, а изборите ќе бидат одржани 26 октомври.

Таа во мај го изгуби своето место во киевското градско собрание.