Магазин

ФОТО: Уловена ајкула долга шест метри

ФОТО: Уловена ајкула долга шест метри
ФОТО: Уловена ајкула долга шест метри

Австралиски рибари минатиот месец уловиле ајкула долга шест метри.

Еден од рибарите, Џеф Брукс по враќањето од риболовот во вторникот објави фотографии од уловот на својата Фејсбук страна, по што веста за гигантската ајкула се прошири низ медиумите ширум светот.

Да, вистинска е и таа е одговорен за неколку локални напади, напиша Брукс на својот профил.

Друг рибар, кој се претстави само како Метју, тврди дека токму тој ја извлекол ајкулата од водата и дека фотографиите се снимени пред четири дена.

ajkula2

Тој додаде дека „суштеството“ било уловено додека се обидувале да фатат друга помала ајкула.

Се борев со другата ајкула, кога оваа се појави одеднаш и ја голтна, раскажува Метју.

Овој вид ајкули, познати како ајкула-тигар, растат и до пет метри, а бидејќи пливаат во топлите и плитки води, често доаѓа во контакт со луѓето.

По објавувањето на фотографиите, многумина читатели во коментарите напишаа дека одсега нема без страв да влегуваат во морето.

Ајкула во близина на сурфери во Калифорнија

На плажата Писмо Стејт во Калифорнија евакуирани се сите посетители откако сосема случајно дрон снимил бела ајкулакако плива во близина на група сурфери.

Дастин Макасин сакал со дронот да ја сними убавината на плажата, но се изненадил кога во водата во близина на сурферите здогледал темна линија.

Дастин Макасин сакал со дронот да ја сними убавината на плажата, но се изненадил кога во водата во близина на сурферите здогледал темна линија.

Веднаш се посомневал дека станува збор за ајкула, но за да се увери, го спуштил дронот пониско и заклучил дека се работи за голема бела ајкула.

На огромната бела ајкула во еден момент и’ се придружила уште една ајкула.

Ужаснат од тоа што го видел, веднаш ја покажал снимката на еден од спасувачите од плажата, кој пак, ги известил сурферите дека се во опасност и пратил извиднички чамец да види за што се работи. Резултатите од истрагата не се познати.

Според проценката на чуварите, оваа бела ајкула била долга барем три метри.

 

 

Претходно ајкула нападна сурфер од Австралија за време на натпревар. Сурферот Мајк Фенинг мавтајќи со нозете успеал да ја избрка и да се спаси од сигурна смрт.