ФОТО: Уметноста на Македонката Адријана единствена во светот

Различни луѓе, различни животи, а со тоа и  различно гледање на животот, а единственото нешто што на некој начин ги дели уметнците од останатите е дарбата шта им ја дал Врховниот творец Бог, да можат со своите дела да го опишат свој живот, односно со некое надворешно дело да го опишат своето внатрешно богатство. И во тоа нивно дело како по навика е опишано времето во кое живееме заедно со сите нас. Ако музичарот си игра со ноти, сликарот со бои, а писателот со зборови и на тој начин го создаваат своето дело, Адријана Ананиева тоа го прави со везови. Поточно таа везе на хартија.

Делата на Адријана се работени во несвојствена техника хартија и конец, везена изработка која таа веќе ја работи две години и како што вели за првпат ја видела на сон. Во своите дела таа делумно ја напушта симетријата, а акцентот е ставен на архитектурата, симболите, орнаментите, па дури и пејзажите, преку кој испраќа соодветна порака.

За разлика од многу наши современи уметници, нејзиниот „учител“ не доаѓа од странство, тоа не се ниту современите, мас медиуми кои дури безобразно ни наметнуваат некои нови култури, туку едноставно тоа се нејзините баби. Бабите како вечна врска помеѓу она што е исконско и вистнски вредно со современото живеење и истовремено невидливи борци кои со своите вредности треба да ни помогнат да ги победиме сите зла што ги носи совремниот свет и ја всадиле љубовта на Адријана кон плетењето.

„Не знам дури ни како се вика оваа техника на везење на хартија. Ми дојде како идеја на сон. Немам поим од каде и како… таму некаде далеку по светот. Мојата баба ме учеше да плетам, да везам, да играм со конци и плетки. Другата моја баба има исто така златни раце. И ден денес знам само една плетка. Онаа со вкрстување на нишките, вели Адријана.

А кога е нешто дадено од љубов колку и да е мало станува големо, еден убав збор изговорен со љубов знае да промени живот, поточно да направи поубав живот, а  Адријна од своите баби добила плетка и успела да направи уметност.

Велат дека едно дело е навистина вредно ако успее да го победи времето. Доколку ги погледнте везовите на Адријана ви се чини дека гледате во нешто безвременско, нешто што им пркоси и на најсовремените технологии. Како да ни кажува дека она што создале човечките раце е ненадминато, а понекогаш и сонот може да стане реалност.

Ако ја запрашате Адријана зошто оваа макотрпна работа, која не носи пари, не носи слава не носи ништо материјално ќе ви одговори? Едноставно… тоа сум јас.

Можеби во тој нејзин одговор лежи и одговорот на прашањето како се создава вистинска уметност и се успева и сопствениот живот да се направи уметност.

Едноставно бидете свои и нека ве водат внатрешните чувства.

vezila2-473x630 (1)

vezilka3-473x630

vezilka7-439x630

vezilka8-473x630

vezilka9-440x630

Извор: Денешен.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.