ФОТО: Уништениот автомобил во сообраќајката кај Ново село

Три лица се повредени од кои две потешко во тешката сообраќајна незгода што се случи доцна попладнево на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на Ново Село.

Несреќата се случила околу 17:00 часот и во неа учествувале два автомобили и едно товарно возило – камион.
Повредените две лица се префрлени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид.

ohridsko

Глетката, според очевидци на овој немил настан, била непријатна.

„Едно лице лежеше повредено од страна, надвор од коловозот, на тревата и беше во свесна состојба. Возило со скопски регистарски табли беше сплескано и луѓето кои се најдоа на месото на несреќата се обидуваа да ја отворат згмечената врата од страната на возачот. Камионот беше со албански регистарски табли и од страната на возачот гумите беа истушени или дупнати“, рекол за Супер радио очевидец, кој од Кичево патуваше попладнево за Охрид.