ФОТО: Упориште на ИСИС во срцето на Европа

Исламската држава воспоставила упориште во срцето на Европа, а терористите тајно купуваат земја во едно село во БиХ, окружено со длабока шума, пишува “Sudnay Mirror”.

Службите за безбедност веруваат дека подрачјето во БиХ служи за кампови за обука на Исламската држава, и дека би можело да биде нова база за страшни напади на Западот, наведува британскиот весник.

Најмалку 12 борци на Исламската држава обучувани во селото Осве, заминале во Сирија минатите месеци, а петмина од нив, според извештаите, загинале.

Експертот за тероризам, Џевад Галиашевиќ, за Sunday Mirror рекол дека од тоа село голем број на луѓе заминале во Сирија.

Возачот и преведувач на екипата на британскиот весник, која го обиколила ова место, рекол дека познатиот следбеник на терористичката група, Харун Мехичевиќ, купил два хектари земја на тоа подрачје.

Мехичевиќ ја напуштил Босна за време на војната во 90-тите години и се преселил во Мелбурн Австралија, каде се смета за еден од најопасните луѓе во таа земја, наведува британскиот весник.

Во едно обраќање кон потенцијалните регрути, тој наводно рекол: “Алах ќе им помогне на муџахедините да воспостават Исламска држава, каде муслиманите ќе можат да живеат достоинствено и чесно”.

Други познати терористи за кои се верува дека купиле земја во ова село се Јасин Ризвиќ и Осман Кекиќ, а сега и двајцата се борат на страната на ИСИС во Сирија.

Муслиманскиот лидер Изет Хаџиќ, кој бил уапсен од службите за безбедност на БиХ, исто така има имот во тоа село, како и многу други кои заминале да се борат во Сирија и Ирак.

Еден од селаните, за екипата на британскиот весник, рекол дека жителите стравуваат дека ова подрачје е “гнездо за терористи”.

“Редовно слушаме пукање од шумата кое трае долго. Тоа се случува секоја седмица”, рекол жителот на селото, кој не сакал да биде именуван.

Професорот на факултетот за политички науки во Сараево, Владо Азиновиќ, и исламскиот теолог Мухмед Јусиќ, во својот извештај откриле дека “Босна е лошо подготвена да се избори со заканата”.

“Постои недостиг на координација меѓу локалните агенции за спроведување на редот по прашањето за странските борци”, наведено е во извештајот.

Во периодот од 2013. до 2014. година, 156 мажи и 36 жени од БиХ заминале во Сирија, заедно со уште 25 деца, а минатиот јануари, според официјалните податоци, во таа земја се вратиле 48 мажи и 3 жени.

2

3

4

5

6

 

Извор: Точка.мк