ФОТО: Утрово Струга повторно се гуши, продолжува фијаското на Заев и Шекеринска

Граѓаните на Струга, но и пошироко, веќе 9 дена се гушат поради неспособноста на новата власт.

Ниту новиот премиер Заев, ниту Радмила Шекеринска, ниту некој друг од новите министри, не ја согледуваат ситуацијата на терен, ниту пак се погрижија за да се надмине еколошката катастрофа на почетокот на туристичката сезона.

Жителите на Струга реагираат и праќаат фотографии и апел за помош.

Фотографиите направени утрово покажуваат дека чадот се уште се шири.

Инаку, депонијата во Струга гори повеќе од една недела, стружани се гушат од неподносливите чад и реа, но сеуште не вродуваат со плод протестите на граѓаните кои излегуваат на улиците и бараат од надлежните час поскоро депонијата да се изгасне.

Граѓаните стравуваат дека проблемот со дивата депонија, освен на нивното здравје, негативно ќе се одрази и на туристичка сезона која е на прагот и ќе претставува удар врз нивниот џеб.