Магазин

ФОТО: Вака изгледа авионот на Доналд Трамп

ФОТО: Вака изгледа авионот на Доналд Трамп

На овие фотографии можете да го видите луксузниот авион на еден од најбогатите луѓе на светот, Доналд Трамп.

Со оглед на неговата финансиска состојба овој луксуз воопшто не не чуди.

Приватниот авион на Трамп изобилува со пространост, луксуз и врвен стил.

Во него има голема спална соба, дневна соба со кожни софи и фотелји, мермерен тоалет со златни детали, голем плазма телевизор и секако, на секој од овие елементи е поставено и логото со неговото име кое претставува светски бренд.

Љубопитноста на јавноста сега конечно е задоволена, откако шеесет и осумгодишниот магнат им дозволил на репортерите да ѕирнат во внатрешноста на најлуксузниот авион, притоа најавувајќи го неговото ново партнерство со аеродромот “Prestwick” во Глазгов и неговото одморалиште “Trump Turnberry”, кое што тој претходно го купил за се уште непозната сума на пари.

Посетителите на одморалиштето, кое што е во процес на реновирање кое се проценува на повеќе од 390 милиони долари, ќе имаат можност да допатуваат до аеродромот во еден од неколкуте приватни авиони на Трамп, секој вреден по најмалку 100 милиони долари, од каде што пак ќе бидат пренесени до одморалиштето со хеликоптер на Трамп или пак во некој од скапоцените автомобили.

Погледнете…

 

d1

d2

d3

d4

d5

 

d6