ФОТО: Вака изгледа сега детето од Киндер чоколадата

Гинтер Ојрингер кој со својата блескава насмевка помогна да се продадат милиони Киндер чоколада, сега има 42 години и неодамна ја напиша својата автобиографија.

Во дамнешната 1973-та година неговата мајка го однела на снимање во Минхен каде и живееле. Тие не претпоставувале дека тој ќе стане заштитно лице на Киндер наредните три децении.

Гинтер вели дека бил горд кога за прв пат се видел себеси во супермаркет, но додека бил тинејџер не сакал да се поистовети со лицето од рекламата. Додава дека се заситил од прашањата околу тоа колку заработил од продажбата на чоколадата, па им одговарал: само 100 евра.

Гинтер сега живее во Минхен со својата сопруга и двете деца и работи како снимател.