ФОТО: Вака се прави декупаж декорација на велигденските јајца

Доколку ви здодеа да лепите готови сликички на велигденските јајца или да ги шарате со најразлични ливчиња, тогаш можеби треба да пробате декупаж техника.

Ако не сте знаеле, декупаж е техника на украсување на предмети со салфети. Луѓето одат толку далеку што со салфети обложуваат делови од мебелот, но за тоа во друга прилика.

Ако сакате со оваа техника да ги декорирате велигденските јајца тогаш ќе ви биде потребно:

1 белка од јајце;

Трослојни салфети

Четка за боење

Варени јајца

dekupazz_2

Постапка:

Потребно е прво да ги сварите јајцата, а слободно може претходно да ги обоите.

Трослојните салфети одделете ги, затоа што ќе ви биде потребен само еден слој и тоа оној на кој имате слики.

dekupazzz_3

Секоја слика што сакате да се најде на вашите јајца исечете ја со ножици и потрудете се тоа да го направите колку што можете попрецизно.

dekupazz_4

Потоа премачкајте го јајцето со белка на местото каде сакате да ја залепите сликата и на тоа место залепете ги сликите од салфетата.

dekupazz_5

Врз салфетката повторно премачкајте со белка, додека сосема не се залепи.

dekupazz_7

Потрудете се да не ги допирате јајцата додека сеуште не се изушени за да не ја поместите или скинете сликата.

Ставете го настрана да се исуши. Секоја неправилност што ќе ја забележите, ќе се изгуби откако јајцето ќе се исуши.

фото: Prva.rs