Македонија

ФОТО: Вандалите на СДСМ повторно во акција

ФОТО: Вандалите на СДСМ повторно во акција

Откако демонстрантите на СДСМ и Сорос изминативе денови ја демолираа народната канцеларија на претседателот на Република Македонија на Рекорд и фрлаа јајца кон зградата на Владата, денес на списокот на хулиганите се најде и Порта Македонија.

Агресивното и насилно однесување денес хулиганите повторно го покажаа. Со разни бои беше оштетувана Порта Македонија, сето тоа пропратено со извици „Грда ви е портата“.

Дали е ова само почетокот на спроведување на сценариото кое го најави екс министерот на СДСМ Љубомир Фрчковски за уривање на споменици од проектот 2014 останува да се види.

porta-mk-boja

-Операцијата Француски клуч мора да расчисти некои од најлошите споменици во Скопје 2014 кои како пранги не можат да бидат третирани никако поинаку, освен како суровина за вистинска уметност. Значи тие нема да се уништуваат или фрлаат туку ќе се третираат како основа за концептуален уметнички чин. Операцијата ќе ја изведува полетна уметничка младина и ентузијазирани граѓани, организирани по принципот на вмровски тројки (од 19 век): три групи со француски клучеви во рака, со нив оди една група со шмиргл-шајбна и една тројка со апарат за заварување, пишуваше Фрчковски во својата колумна.