Фото: Вандализам на булеварот Александар Македонски

Во текот на вчерашниот ден, на потегот од Шумарски факултет до Оштина Гази Баба, непознати сторители со секира исекле 7 дрвја од видот каталпи, засадени 2012 година во дрворедот на булеварот „Александар Македонски“.

Градот Скопје го осудува овој вандалски чин со кој е нанесена материјална штета, но и нагрдување на јавните зелени урбани површини, со оглед на тоа што зеленилото, особено дрвјата, придонесуваат за намалување на загаденоста на воздухот во нашиот град.

Градот Скопје го пријави овој вандаски чин во полиција, а МВР трага по сторителите.

Vandalizam na bul. aleksandar Makedonski (1)

Vandalizam na bul. aleksandar Makedonski (2)

Vandalizam na bul. aleksandar Makedonski (3)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.