Магазин

ФОТО: Вечер полна со емоции на вториот концерт на Северина во Белград

ФОТО: Вечер полна со емоции на вториот концерт на Северина во Белград

Северина Вучковиќ синоќа по втор пат пееше пред публиката во Белград. Таа направи спектакал и ја наполни салата Сава центар, а беше забележитено тоа што на синоќешниот концерт присуствуваа многу поголем број познати личности.

На концертот на Севе беше присутна и Наташа Беквалац која во првиот ред заедно со сопругот го проследи концертот. Исто така, оваа вечер на концертот беа присутни и Жељко и Јована Јоксимовиќ.

zeljkooo

Втората песна која Севе ја отпеа беше Алкатраз.

-Го добив целото срце од вас Белграѓани, се обрати пејачката пред преполната сала и додаде:

-Срцето ми е полно затоа што ми пружате толку голема љубов.

На сцената се појави и синот на Северина Александар, во мигот кога таа ја пееше песната Мили мој.

natashaaa

Инаку Севе и’ го честита бракот на Наташа Беквалац со песната „Пријатељице“. Таа се симна од бината и му рече на малиот Александар: „Сине, дојди да те запознаам со едно девојче. Види колку е убава“. Во тој контекст Севе мислеше на малата Хана, ќерката на Наташа.