ФОТО: Велес доби нов театар

Велес го доби новиот објект на театарот, кој официјално го отворија премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Објектот е изграден на 4.200 квадратни метри и располага со голема сала со капацитет од 370 посетители и мала сцена со можност да прими од 50 до 110 посетители. Основниот сценски простор од големата сцена е од модуларен тип со три оркестарски и осум сценски платформи кои овозможуваат лесна, брза, безбедна трансформација и конфигурација на основниот сценски простор.

Театарот  располага со аудио и видео системи од врвни светски производители, со можност за презентација на театарски дела со ефект и квалитет како во најсовремените театри во Европа и светот, со што ќе биде овозможено во Велес да гостуваат сценски дела од која било светска продукција.

Во тек е и конкурс за избор на драмски текст кој до крајот на годината  премиерно ќе биде изведен на сцената на новиот велешки театар.

gruevski-teatar-500

gruevski-teatar1-500gruevski-teatar3-500