ФОТО: Венус Вилијамс се фотографираше гола

Петкратната победничка на Вимблдон во интервју за американското списание ЕСПН зборувала за својата борба со тешката болест и за тоа како животот за неа ќе биде една голема борба.

Освен што го покажала своето тело целосно гола, Венус Вилијамс (34), за списанието ЕСПН зборувала и за својата борба со Сјоргеновиот синдром, автоимуна болест која ги напаѓа жлездите и внатрешните органи.

„Во најтешките моменти воопшто неможев да играм тенис. Беше загрозен и квалитетот на мојот живот. Бев толку уморна од болки. Но, прифатив дека мојот живот повеќе никогаш нема да биде ист, како пред болеста“, рекла во своето интервју Вилијамс, која поради болеста во 2012 година не смеела да тренира повеќе од шест месеци. 

„Морав да бидам многу внимателна. Ако еден ден тренирав напорно, знаев дека другиот ден ништо нема да можев да работам. Имаше денови кога толку многу бев уморна, што ќе го паркирав автомобилот пред куќата и ќе заспиев во него“, раскажала тенисерката, која моментно е рангирана на 31-то место во светот.

venusvilijams

ФОТО: Twitter