Фото вест: Кој се вози во „Мерцедесот“ од 600.000 евра?!

Откако мината седмица социјалдемократскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во чисто дневнополитички пропагандни цели пред камерите го покажуваше специјалниот модел „Мерцедес “, во обидот да се забошоти изостанувањето на ветените реформи, актуелната власт очигледно не издржа и „расипничкиот“ автомобил во саботата попладнето беше забележан на скопските улици.

Се поставува прашањето кој денеска се возеше во луксузниот автомобил? Кој, нели, беше еден од жестоко критикуваните потези на претходната власт обвинувана за наводно расипништво.

Бидејќи службениот „Мерцедес“ С-класа со регистарски ознаки СК 2936 АЦ (задолжен во МВР на РМ), Одделот за заштита на определени личности и објекти го има користено како главно возило за високи гости – странски делегации при нивната посета на Република Македонија, а кои се обезбедуваат со прв и втор степен на безбедносни мерки на обезбедување, како претседатели на држави, премиери на влади, заменици претседатели, заменици претседатели на влади, министри, и др.

А колку што е познато, во моментов во Македонија не престојува никаква личност којашто според погоре опишаниот ранг би го користела автомобилот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.