Магазин

ФОТО/ВИДЕО: 11-годишник на Клод Моне, уметник од мали нозе

ФОТО/ВИДЕО: 11-годишник на Клод Моне, уметник од мали нозе

Има само 11 години, а веќе има два милиони евра на својата штедна книшка, заработени со продажба на неговите неверојатни уметнички дела. Британските медиуми малиот уметник Кирон Вилијамсон го нарекоа наследникот на легендарниот Клод Моне.

Желбата за цртање кај Кирон се појавила по посетата на Корвол,кога побарал од своите родители бои за да го нацрта пристаништето. Своите први дела ги продал на само шестгодишна возраст за сума од 22 000 долари.

Негови слики купиле и членовите на кралското семејство во Британија.

На последната негова изложба, тој заработи 250.00 фунти за само 20 минути.

„Кирон отсекогаш користел квалитетни бои и материјали што вообичаено ги користат возрасни, професионални сликари. Никогаш не беше задоволен со дела што изгледаат како постери, а многу често стануваше во шест  часот наутро за да заврши со сликањето пред да оди во училиште“ , изјавила неговата мајка.