ФОТО/ВИДЕО: Албанци од Балканот на боиштата во Сирија

Албанските доброволци во Сирија, на чело со својот командант Лавдрим Мухакхери позираат на фотографијата направена од косовските медиуми. Освен командантот, сите останатите се маскирани.

Тие држат оружје во рацете, додека во средината се наоѓа митралез со голем калибар.

Некои имаат подигнат еден прст што значи „Бог е еден“.

Тие тврдат дека во борбите во Сирија учествуваат околу 750 Албанци од Косово и Метохија, Албанија и Македонија. Овие бројки ги негира министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџа.

На снимката која е објавена, албанските борци во Сирија, меѓу останатото најавуваат дека ќе се одмаздат за убиството на Осама бин Ладен.

Засега нема податоци колку точно македонски државјани заминале на фронтовите во Сирија, но неофицијално се споменува бројка од околу 300 лица. Инаку, во изминативе неколку месеци беше објавено дека во Сирија загинале четворица македонски Албанци кои се бореле на страната на бунтовниците.