ФОТО/ВИДЕО: Авион почнал да се распаѓа за време на летот

Паника и страв, патници преживеале вистински хорор кога авионот кој летале почнал да се распаѓа.

Неверојатна среќа имале 185-те патници и членови на екипажот на авионот 757 од компанијата Делта кој вчера во вечерните часови беше приселен да слета поради технички проблеми.

Проблемите настанале кога за време на летот 2412 од Орландо кон Атланта во САД една од плочите почнала да се одлепува од крилото. Патниците се шокирале, а еден од нив фатил да ја слика настанатата штета и ја поставил на Твитер со напомена: „Можете ли да замислите како се чувствувам во овој момент гледајќи го ова?!“.

Пилотот веднаш воспоставил врска со контролата на летот и договорил присилно слетување. Тоа било успешно изведено и сите патници се живи и здрави.

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.