ФОТО: Видео бим во чест на хероите во Арената „Филип Втори“

Во сеќавање за македонските херои- 09.05.2015. Ова денеска беше истакнато на видео бим во Националната Арена „Филип Втори Македонски“, во чест на хероите кои ги дадоа своите животи за да ја спасат Македонија од вооружени терористи.

Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илиевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ, Горан Стојменовиќ, Жарко Кузмановски и Ненад Серафимовски се имињата на бранителите кои храбро загинаа во Куманово.

Инаку, еден од загинатите херои, Ненад Серафимовски, роден 1987-ма година во Гостивар, беше поранешен фудбалер и во својата фудбалска кариера настапуваше за тимовите на Вардар, Работнички, Турново, ФК Скопје и Милано Куманово, каде нанижа повеќе од 60 официјални натпревари, на кои постигна 3 голови, два во дресот на Вардар.

Фудбалската кариера ја заврши во Милано од Куманово, по што се одлучи професионално да се активира како припадник на македонскиот безбедносен систем.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.