ФОТО/ВИДЕО: Денот кога Србија застана, Ѓинѓиќ го даде животот за својата земја!

Убиство кое ја зави Србија во Црно!

Денска се навршуваат 11 години од убиството на поранешниот премиер на Република Србија, Зоран Ѓинѓиќ. Политичари, аналитичари, социолози, често тврдат дека неговото убиство е настан што ја „парализираше Србија“ и дека доколку тој беше жив, денеска земјата би била далеку понапредна и подобра.

Зоран Ѓинѓиќ е убиен на 12 март 2003 година, на скалите, на влезот на зградата на Владата на Србија, со еден куршум што го проби неговото срце и речиси веднаш го усмрти. Тој воедно беше и првиот демократски избран премиер на Србија и лидер на Демократската партија.

На неговото убиство му претходеа неколку неуспешни атентати, но тој и покрај сето тоа не престана да верува, ни да се бори за светлата иднина на Србија.

Foto: Milena Đorđević

Секоја година во знак на сеќавање на починатиот премиер, се одбележува годишнината од неговото убиство со повеќе различни манифестации.

Педесет и едноедногодишниот Ѓинѓиќ, беше убиен на 12-ти март 2003 година околу 12,25 часот. Владата на Србија неколку часа по убиството прогласи вонредна состојба. Како извршители веднаш се осомничени припадниците на земунскиот криминален клан. Тоа го потврдувше и фактот што било планирано тој ден, како што Владата подоцна соопштила, да се потпише налог за апсење на одреден број припадници на таа криминална група.

Осомничените како главни во организирањето на убиството на премиерот Ѓинѓиќ беа некогашниот командант на распуштената Единица за специјални операции Милорад Улемек Легија и припадници на земунскиот клан на Душан Спасојевиќ Шиптар и Миле Луковиќ Кум. Кум и Шиптар се убиени на 27-ми март во обид да бидат уапсени од полицијата.

Покојниот премиер беше еден од лидерите на Демократската опозиција на Србија (ДОС) и „5 октомври“ револицијата која го симна од власта Слободан Милошевиќ.
Според оценките на американскиот неделник „Тајм“ Ѓинѓиќ е еден од 14 водечки европски политичари на третиот милениум.

)

Чест за убиениот визионер: ЛДП и жителите на Белград на прошетка во чест на Ѓинѓиќ

ЛДП по повод 11 години од трагичното убиство на Зоран Ѓинѓиќ, сега веќе традиционално ја одржува манифестацијата „Прошетка за Зоран“, за да се зачува сеќавањето на неговиот лик и дело, како и неговата визија која ја менуваше Србија на подобро.

POČAST UBIJENOM VIZIONARU: LDP i Beograđani šetaju za Zorana Đinđića! (FOTO)

Foto: Promo

Foto: Promo

 

Дачиќ и Вучиќ му одадоа почит на Ѓинѓиќ

Dačić, Vučić i Vlada odali počast ubijenom Đinđiću (FOTO)

Ružica i Mila Đinđić sa vrhom DS-a odale počast ubijenom Zoranu! (FOTO)

Foto: Tanjug/Dragan Stanković

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.