ФОТО+ВИДЕО: Експлозии на аеродормот „Ататурк“ во Истанбул

Најмалку две експлозии одекнале на аеродромот Ататурк во Истанбул, јавуваат турските медиуми.

Засега медиумите пишуваат дека неколку лица се повредени, а повеќе информации се очекуваат наскоро. Инаку, Јуроњуз јавува дека освен двете експлозии на аеродромот имало и истрели од огнено оружје.


На социјалните мрежи присутните од аеродромот споделуваат видеа и фотографии по нападот.

ТАСС, повикувајќи се на изјави на очевицди јави дека по експлозијата и истрелите, четири вооружени лица побегнале од зградата. 

Засега не се познати причините за експлозијата на „Ататурк“, кој е најпрометен аеродром во Турција.

Телевизијата Си Ен Ен Турк јавува дека турските власти се сомневаат дека една од експлозиите била предизвикана од бомбаш самоубиец.