ФОТО+ВИДЕО: Експлозија и пожар во фабрика во Кина

Моќна експлозија одекна во магацин за хемикалии во источна Кина и предизвика голем пожар. Според фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа огромен облак од црн чад што се гледа над фабриката. Во фабриката се чуваат хемикалии и бензин, јавува „Раша Тудеј“.

Кинеските медиуми јавуваат дека во моментот на експлозијата се обработувале вкупно 42 резервоари со нафта.

Засега нема информации за повредени лица или за жртви.

На местото на експлозијата се распоредени повеќе противпожарни тимови. Очевидците велат дека во областа се шири остар мирис, поради хемикалиите што согоруваат.

Засега има информации дека пожарот зафатил два резервоари со нафта и дека неколку резервоари за складирање течни материи веќе се изгорени во целост.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.