ФОТО+ВИДЕО: Ерупција на вулкан во Гватемала

Вулканот Фуего во Гватемала денес почна да исфрла облак од црн чад,  по што од непосредната близина биле евакуирани стотина граѓани, а бил затворен и меѓународниот аеродром во престолнината на Гватемала.

Guatemala Volcano

Како што јавува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс, по ерупцијата на вулканот кој се наоѓа на 40-тина километри од престолнината, биле откажани неколку летови, се додека работниците не ја исчистат пистата од пепелта.

Guatemala Volcano

Локалните власти наведуваат дека количеството пепел што е исфрлено од вулканот е умерено, но сепак побарале од граѓаните да користат маски или мокри крпи за да го спречат вдишувањето на штетните материи.