ФОТО+ВИДЕО: Голем пожар во центарот на Лондон, 2.000 лица евакуирани

Повеќе од 2.000 луѓе биле евакуирани во Лондон поради голем пожар во центарот на британскиот главен град.

pozar_2

 

Како што соопштија локалните власти, меѓу евакуираните има студенти и професори од универзитетот Лондонско училиште за економија.

pozar_3

Според информациите, пожарот избувнал во еднa од подземните простории на зградата на Управата за цивилно воздухопловство, која се наоѓа во реонот Холбурн.

На местото на инцидентот се издигнува густ чад, а пожарникарите се обидуваат да го изгаснат огнот. Поради пожарот неколку околни згради останале без електрична енергија.