ФОТО+ВИДЕО: Изградбата на мостот кај село Злеово во последна фаза

Со изведбата на горниот асфалтен слој на мостовската конструкција,  жителите од населеното место Злеово во општина Радовиш, повторно ќе имаат можност преку регионалниот пат Р29741 да се поврзат со магистраниот пат А4 (Радовиш-Штип). Градоначалникот на општина Радовиш, Сашко Николов денеска беше во работна посета и изврши увид во градежните активности при изградбата на објектот.

most_zleovo_2

Околу 1500 жители од оваа радовишко село беа отсечени од сообраќајната мрежа во регионот, по силните поројни дождови и надојдените води од Радовишка река кои го урнаа постоечкиот мост во февруари, 2013-тата година.

-После релативно краток период со поддршка на Министерството за транспорт и врски, со поддршка на Агенцијата за државни патишта и секако со поддршка на владата на Република Македонија и премиерот Никола Груевски успеавме на ова место да изградиме мост со многу поголеми димензии, мост кој што ќе биде трајно решение на овој проблем на жителите на село Злеово, изјави градоначалникот Николов.

most_zleovo_3

Нколов додаде дека станува збор за мост во должина од 45 метри, коловозна лента  со широчина од 8 метри или вкупна инвестиција од над 25 милиони денари кои што ги обезбеди Владата на Република Македонија.

Градежните работи се изведени од градежната компанија „Жикол“ од Струмица во предвидениот рок според договорот.