ФОТО+ВИДЕО: Километарски колони на Евзони: Свирежи, пцости и нервоза

Километарска колона возила чека за влез во Грција на граничниот премин Богородица – Евзони.

Патниците револтирани го искажуваат својот гнев кон грчките цариници.

-Веќе два часа стоиме во место во меѓупросторот. На Богородица веднаш поминавме, нема застој, но никако да влеземе во Грција, вели читател на Република.

Тој вели дека има патници од цела Европа и дека сите се многу нервозни и нетрпеливи, особено оние од Велика Британија, кои цела ноќ возеле за да дојдат до грчките плажи, а сега со часови стојат во место на грчката граница.

-Овде е хаос, возила преминуваат по тревните површини сакајќи да фатат побрза лента, но таква лента, за жал, нема. Сите ленти стојат. Од време на време се слушаат долготрајни свирежи упатени како револт кон грчките цариници, вели Aцо од Скопје.