ФОТО+ВИДЕО: Леонардо Дикаприо конечно го доби првиот Оскар

Леонардо Дикаприо конечно доби Оскар за најдобра машка улога за неговата улога во филмот „Одмазникот“.

leo-2

Тој ја освои престижната награда по 23 години откако прв пат беше номиниран за најдобра споредна машка улога.

leo-3

Актерот на сцена и се заблагодари на Академијата за наградата, што беше проследено со стоечки овации од публиката.

leo-4

Освен што им се заблагодари на своите колеги што играат заедно со него во филмот, актерот исто така го искористи говорот за да ја поткрене свеста за глобалното затоплување. За улогата во истиот филм Дикаприо ги освои наградите на БАФТА, како и Златен Глобус.

По неколку месеци шпекулации, актерот беше воодушевен од тоа што конечно ја доби златната статуетка.