ФОТО+ВИДЕО: Мал авион се урна врз куќа во Мериленд

Најмалку шест лица загинаа, а меѓу нив и две деца, кога мал авион се урна врз семејна куќа во градот Гејтерсбург, во американската сојузна држава Мериленд.

По падот на авионот, куќата и уште две соседни се запалиле, соопштија официјални претставници на локалната власт.

merilend_4

Портпаролот на противпожарната и спасувачката служба, Пит Пиринџер, соопшти дека во несреќата погиниле три лица кои се наоѓале во авионот, како и мајка со две деца во една од куќите. Претходно Пиринџер изјави дека се утврдува дали во леталото било уште едно лица.

Според него, несреќата се случила во 11 часот по локално време и дека пожарот бил локализиран во рок од еден час.

Спасувачките служби ги пребаруваат запалените куќи за да утврдат дали во нив имало некого, пренесуваат американските медиуми.

При падот на авионот се запалиле две куќи, а уште три се оштетени.

Од администрацијата на американската Федерална авиација соопштија дека авионот се урнал додека се враќал на аеродромот.

Повикувајќи се на изјави на сведоци, локалните медиуми јавија дека авионот кружел со исфрлени тркала и дека изгледало дека пилотот се бори да го држи леталото под контрола.