ФОТО+ВИДЕО: Нападот на метро станицата во Белгија

Белгиските медиуми јавуваат за нова експлозија на метро станица во Малбег утрово, кратко по двете експлозии на аеродромот Завентем во Брисел.

Нападнатата метро станица е во непосредна близина на зградите на институциите на Европската унија.

Според очевидци најмалку 10 лица се повредени во третата експлозија, од кои некои и посериозно.

Исто така има непотврдени информации за уште две експлозии на две други метро станици во Арт Лоа и Шуман.

brisel-metro-2

На социјалните мрежи почнаа да се појавуваат фотографии од повредените лица кај станицата во Малбег која е во близина на седиштето на ЕУ.

brisel-metro-3