ФОТО+ВИДЕО: Отровен портокалов облак во близина на Барселона

Три лица биле наводно повредени по хемиска експлозија во северна Шпанија, од што се појавил портокалов токсичен облак. На жителите на градовите во околината на Барселона им било советувано да останат во своите домови. Ограничувањата биле повлечени по околу четири часа, пренесува Раша тудеј.

2

Инцидентот наводно се случил откако случајно се измешале две хемикалии додека биле транспортирани, објавила регионалната влада на Каталонија.

Експлозијата и пожарот се случиле во Симар, компанија за дистрибуција на хемикалии.

Резултатот на експлозијата бил густиот портокалов облак, поради кој властите ги советувале локалните жители да останат внатре и да ги затворат прозорците. Биле блокирани и неколку локални патишта.

Едното од двете хемиски супстанции „виновни“ за облакот била азотеста киселина, која е корозивна и отровна. Хемикалиите се измешале поради несреќа при растоварањето на камионите што ги пренесувале. Во пожарот што избувнал биле повредени најмалку три лица, чија состојба не е позната.