ФОТО+ВИДЕО: Палмира по ослободувањето од ИД

Поголемиот дел од стариот град во Палмира е недопрен, а древните артефакти се во многу подобра состојба отколку што се очекуваше, изјави директорот на сирискиот Оддел за антиквитети Мамун Абдулкарим, пренесе МИА, повикувајќи се на Танјуг.

ФОТО: Спутник
ФОТО: Спутник

Тој нагласи дека откако сириските сили ја освоиле Палмира, која од мај минатата година беше под контрола на групацијата Исламска држава, Одделението за антиквитети ќе се обиде да ги обнови реликвиите, кои се уништени од страна на џихадистите.

ФОТО: Спутник
ФОТО: Спутник

Го очекувавме најлошото, но градот во суштина е во добра состојба. Можевме целосно да ја загубиме Палмира, рече Абдулкарим.

ФОТО: Спутник
ФОТО: Спутник

Џихадистите во Палмира, која Сиријците ја нарекуваат „бисер на пустината“, го уништиле главниот храм Бел и светилиштето Бал Шамин, како и неколку погребни кули, што сунитските муслимани го сметаат за богохулење.

ФОТО: Спутник
ФОТО: Спутник

Тие римскиот амфитеатар го користеле за погубување, а тука го убиле и 82-годишниот поранешен шеф на антиквитетите во Палмира.

Голем број важни урнатини, како што се Агората, римскиот театар и градските ѕидини, се само незначително оштетени, наведе тој.

ФОТО: Спутник
ФОТО: Спутник

Добрата вест се однесува и на Лавот Ал-Лата, познатата 15 тони тешка статуа на лав, која е уништена во јули минатата година, рече Абдулкарим. Тој додаде дека скршените делови можат повторно да се состават и напомена дека со ОН ќе разговара за обнова на два храма.

Рускиот претседател Владимир Путин и генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова се договорија дека Москва, Дамаск и ова Агенција на ОН што е можно поскоро ќе изработат план за обнова на градот Палмира.