ФОТО+ВИДЕО: Путин скрши пенкало во Минск

За време на 16 часовните маратонски преговори во Минск, рускиот претседател цело време држел зелено пенкало во раката, а потоа ненадејно го скршил.

Покрај тоа што во сите медиуми денеска главна вест е тоа што конечно беше постигнат договор за состојбата во Украина, големо внимание привлекоа уште два други настани.

putin_penkalooo_golema    penkalo_putinnnn

Првиот момент е кога Путин ненадејно го скрши пенкалото кое цело време му беше во рацете и оваа фотографија стана вистински хит во светот.

Вториот момент е кога белорускиот претседател Александар Лукашенко за малку ќе го повлечеше столот од рускиот претседател кој во тој миг се подготвуваше да седне. Лукашенко беше занесен во разговорот со Меркел, но за среќа успеа да забележи дека недостасуваше само секунда за целосно да го изненади Путин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.